skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

(Видео) СЈО го објави седмиот по ред извештај

(Видео) СЈО го објави седмиот по ред извештај
  • 15.03.2019

Нови 32 000 разговори и 72 000 смс пораки анализирале специјалните јавни обвинители во изминатите 6 месеци-пишува во седмиот по ред извештај на СЈО. Во него стои и дека „бомбите“ на Заев биле пронајдени во УБК, на  хард диск во канцеларијата на свиркачот Звонко Костовски. СЈО материјалите ги превземале од Обвинителството за организиран криминал, кое го гонеше Костовски во случајот „Пуч“. Од обвинет, потоа тој стана клучен сведок на СјО за случајот Таргет –Тврдина.

Јанева се надева  дека во најкус може рок ќе биде изгласан Законот, кој Обвинителството ќе го дефинира како самостоен  орган во рамките на правосудниот систем

Во  извештајот на 103 страни , СјО информира и дека биле анализирани и форензичките копии на вкупно 124 000 разговори од предметот против Захир Бехири Чауш и Имер Бекири. Биле отворени 81 предистражна постапка и осум нови финансиски истраги против 64 лица со предизвикана штета на буџетот од речиси 92 милиони евра. Меѓу нив е и случајот„Империја“

Јанева со контра тврдење кон Врховен, кој пред речиси 2 месеци се обиде да и ги врзе рацете.

И овој пат Јанева се обраќа на Џолев, судот  поинтензивно да закажува рочишта. Седмиот по ред извештај СЈО го објави во период кога се решава за неговата судбина. Токму иднината на институцијата беше тема и на лидерската средба Заев-Мицковски, на која делумно се договорија. За Мицкоски е прифатливо СЈо да продолжи со работа, но инсистира на смена на актуелната постава.

Елена Милошевска

Back To Top