skip to Main Content

(Видео) Стига ли правдата на страната на граѓаните?

(Видео) Стига ли правдата на страната на граѓаните?
  • 07.07.2019

За долг од 15 000 денари за кој 50 годишниот скопјанец Цветко Милосавлевиќ, не знаел дека постои  8 години, сега и од онака плиткиот џеб треба да плати над 60 000 денари. Пари за да ги подмири трошоците кај адвокат, нотар и извршител нема-месечно преживува со 1400 денари социјална помош. Згора на тоа, повеќе од три години живее без вода и струја,а има и нарушено здравје.

Но неговиот проблем влече корени уште од 2002 година кога овој човек ја губи работата, а со тоа почнуваат да се трупаат и сметките. По 5 години добива оштета од фирамата каде што работел. Овие пари ги користи за да се раздолжи. Тука настанува апсурдот-и по неколку обиди и инсистрања на Цветко да го плати долгот, од  фирмата тврделе дека истиот не постои. Поради овој пропуст  Цветко „заработил“ две тужби.

Правда за „непостоечкиот“ долг , Цветко бара на суд, но не ја добива. Освен фирмата, пропуст прават судот но и адвокатот, со кој, откако го изгубил спорот,настанале лични недоразбирања.

Адвокатот, не го испочитувал законот за парнична постапка, член 90, став 4, кој гласи дека и по откажувањето на полномошното, полномошникот е должен уште еден месец да ги врши дејствијата за лицето кое му го издало полномошното, ако е потребно од него да отстрани некаква штета што во тоа време би можела да настане.

Поради пропустите на надлежните, пресудата останува заклучена во судките фиоки, а Цветко продолжива да лута низ судските лавиринти. Тој не се откажува. Единствена надеж му е повторување на постапката со цел да си исцрпи сите правни лекови во државата, за потоа правдата да продолжи да ја бара во Стразбург.

Back To Top