skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Протести за ослободување на Абдулфета Алими

(Видео) Протести за ослободување на Абдулфета Алими
  • 22.03.2019

Со маички испечатени со ликот на Абдулфета Алими, со пароли  „Нема правда, нема мир“, „Правдата не е пазар“, „Да спасиш човек“, не значи дека си терорист, протестантите, предводени од братот на Алими лидерот на Алијансата Села, протестираа пред Кривичниот суд.

Бараа ослободување на осудениот –  на 7 години затвор поради собраниските инциденти од 27 април. Демонстрантите ги извиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.

-Ова е многу голема неправда. Нека мислат тие што го направија ова. Тој што спаси некој сега е затворен. Тоа не е правда. Остануваме на улица се додека Алими не биде со нас, изјави учесник на протестот.

Алими беше дел од собраниското обезбедување, кој според обвинителката Вилма Русковска Алими не го спасил лидерот на Алијансата Зијадин Села, туку еден од демонстрантите. Според  Рускоска, Алими на 27 април бил одговорен за вратите на Собранието и ако си ја вршел работата немало да треба никого да спасува.

И судијката Добрила Кацарска за  1тв рече дека Алими не ја исполнил својата должност, односно не спречил отворање на собраниските врати.

Абдулфета Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, во судскиот процес тврдеше дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top