(Видео) Протестен марш во Скопје против „монтирани судски предмети“, организиран од братот на Ел Чека

Граѓани Албанци маршираат од паркот во Чаир до Собранието со барање да се решат сите монтирани судски предмети. Протестниот марш за правда е организиран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, а поддржан од партијата Беса, пренесе Радио Слободна Европа.
„Не можеме да молчиме кога има неправда, монтирани случаи против Албанците, а власта ја уби надежта за правна држава“, порачаа од Беса.
Демонстрантите скандираат „Нема правда, нема мир“, „Сакаме слобода“ и „Али предавник“. Тие велат дека бомбите на Ел Чека се исти како тие на Заев.
Зад прекарот Ел Чека е кичевчанецот Шеќерим Ахмети, кој сега живее во Чикаго. Тој објавува прислушувани разговори, главно залидерот на ДУИ Али Ахмети, за дел од раководството на ДУИ, но и за поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.