skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Почна пробниот попис без изгласан закон

(Видео) Почна пробниот попис без изгласан закон
  • 14.06.2019

Иако предог законот за попис се уште „ фаќа прашина“ во собраниските фиоки, на терен почна пробниот попис. Истиот ќе се одвива во 13 општини, а попишувачите денес ги бележеа границите од каде до каде  ќе се одвива пребројувањето на населението. Од утре тие ќе тропнат на вратите од домовите на граѓаните. Прибирањето на податоците ќе почне во домаќинставата каде што завршува скопски Центар, а почнува Кисела Вода.

Првиот човек на заводот за статистика истакна дека со пописот нема да се преброи целата дијаспора, туку само оние лица кои имаат македонско државјанство. Истиот ќе бил спроведен согласно европските стандарди.

И додека Статистика уверува дека се подготвени за пописот наредната година, власта и опозицијата и понатаму водат битка за законското решение. Според првите предлог законот е согласно европските стандарди на ОН и Евростат, според вторите не е.

Засега нова седница на комсијата за европски прашања нема. Претходната експресно беше откажана, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави бојкот. Симовски најави средби со политичките партии, со цел во најбрз можен рок да биде донесен законот. Пописот во земајва треба да се спроведе следната година во месец април, по цели 18 години.

Back To Top