skip to Main Content

(ВИДЕО) Поранешни уставни судии предупредуваат: Прифаќањето на иницијативата ќе предизвика уставна криза

(ВИДЕО) Поранешни уставни судии предупредуваат: Прифаќањето на иницијативата ќе предизвика уставна криза
  • 17.09.2018

Ова е судбоносно прашање и треба убаво да се размисли каков став ќе се заземе – смета поранешната судијка во Уставен, Наташа Габер Дамјановска во пресрет на закажаната седница на која ќе се разгледува иницијативата за отфрлање на референдумот. Иницијативи за отфрлање поднесоа Левица и Светски македонски конгрес, а пред уставните судии ќе се најдат в среда. Поранешните судии во Уставен на ставот дека иницијативите треба да се отфрлат бидејќи народните избраници преку ратификацијата веќе му дале легитимитет на договорот со Грција.

Габер Дамјановска направи паралела со Времената спогодба која исто така била оспорувана, но сите предлози биле отфрлени токму поради ратификацијата.

За уставноста на референдумот ќе одлучуваат 9 судии, а ставот на судијата известител за овој предмет Елена Гошева веќе излезе во јавност. Според пишувањата на дел од медиумите, Гошева ќе поднесе предлог за поведување постапка за времено стопирање на референдумот. За дел од поренашните уставни судии, таквите одлуки и евентуалните времени мерки би можел да доведат до уставна политичка криза.

Со свој став се огласи и поранешниот прв уставен судија Бранко Наумоски кој напиша дека ќе гласа ДА на претстојниот референдум. Инаку, актуелниот известител, Елена Гошева пред две години ги навлече критиките од јавноста кога Уставниот суд одлучи да поништи одредби од Законот за помилување,што отвори пат за масовната аменстија на претседателот на државата Горге Иванов, со која беа ослободени 53 лица инволвирани во предметите на Специјалното јавно обвинителство.
Гошева е прв уставен судија,која на функцијата дојде како пензионер.Јаноста ја познава и по блиските родбински врски со функционери од ВМРО-ДПМНЕ.Таа е мајка на Слободанка Гиевска, во чиј мандат како претседател на Пописната комисија беше поништен пописот кој што почна да се реализира во 2011 година. Нејзин зет е Игор Гиевски ,поранешен претседател на УМС ДПМНЕ, кој на јавноста и е познат по полнењето на кутии при гласањето и изборот на нов студентски лидер на скопскиот универзитет. Во времето на Гошева како претседател, беше донесена забрана за снимање на камери за време на седниците, а без образложение беше донесена одлука да се затворат вратите за новинарите и кога се одлучуваше за помилувањата.

Кристина Атовска

Back To Top