skip to Main Content

(Видео) Поради невремето прекината потрагата по урнатиот авион кај Солунска Глава

(Видео) Поради невремето прекината потрагата по урнатиот авион кај Солунска Глава
  • 02.04.2019

Бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки од кои едната малолетна се лицата кои се превезуваа во авионот од типот Цесна коj се урна над Солунска Глава, соопшти државната новинаска агенција МИА. Според неофицијални информации четворицата се родени во 2000, 2005, 1970 и 1972 година. Од МВР информираат дека бугарските државјани биле лоцирани од воздушен простор, но поради лошите временски услови теренот е непристапен. Телата сѐ уште не се извлечени.

-Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече Ангеловски.

Авионот летал од Охрид кон Софија, но поради лошите временски услови пилотот побарал да слета во Скопје. Кратко по полетувањето од Охрид во 16:16 часот авионот се губи од радарскиот систем. Пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленци. Причина за несреќата според бугарските медиуми се лошите временски услови.

Back To Top