skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Откако не ја најде дома, Бачев и порача на Александорова да не помисли да гласа за уставните измени

(Видео) Откако не ја најде дома, Бачев и порача на Александорова да не помисли да гласа за уставните измени
  • 03.01.2019

Демонстранти на движењето „Македонија блокира“ се собраа вечерва пред домот на пратеничката Емилија Александрова, но не ја затекнаа дома. Полицискиот кордон ги спречи демонстрантите да влезат во дворот со објаснување дека никој нема во куќата. Поради тоа на Александрова не и беше предадено писмото, но беше прочитано на мегафон додека демонстрантите држеа свеќи во рацете, јавува фокус.мк.

Протестот почна пред Собрание, а демонстрантите се движеа пешки до домот на Александрова, каде лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, и порача да не гласа за уставните измени.

-Ако има грам совест ќе излезе со народот и ќе биде со народот. Да не помисли да гласа за уставните измени. До вчера се сликаше со Груевски сега е со Заев. Се ќе им биде простено, само ако на 9 јануари не гласаат за уставните измени – рече Бачев.

Движењето ќе одржи сенароден протест пред Собранието на 9-ти јануари, кога почнува собраниската дебата за уставните измени.

 

Back To Top