skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Неизвесно пред и во Собранието – линковско вклучување во Студио 1

(Видео) Неизвесно пред и во Собранието –  линковско вклучување во Студио 1
  • 11.01.2019

Денешното Студио 1 со Јана Јосифовска и Влатко Чаловски го почнавме со потсетување од вчерашниот разговор на уредникот Александар Чомовски за тоа каков претседател и е потребен на Македонија. Се потсетивме и на разговорот на уредничката Анета Кочишки чии гости беа познатата алпинистка Илина Арсова и планинарот Јован Божиновски кои зборуваа за љубовта кон планинрањето.

Во денешното Студио 1 линковски беше вклучен новинарот Игор Стефановски кој го следи протестот пред Собранието што започна во 12 часот.

– Генерално протестот се одвива мирно, но беше проследен и инцидент што се случи пред околу 5 минути пред вклучувањето, кога едно женско лице застана на бината, а веднаш потоа беше отстранета и влечена од страна на демонстрантите. Полицијата само го набљудуваше влечењето на девојката, но не реагираше на инцидентот. Таа како што можеше да се чуе бараше помош и спомнуваше дека е за НАТО и за ЕУ по што демонстрантите оценија дека е провокатор и им посочуваа на новинарите да не ја снимаат, извести Стефановски.

Back To Top