skip to Main Content

(Видео) Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

(Видео) Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“
  • 18.03.2019

Ако прави некакви проблеми да биде „среден“ од неговите претпоставени- ова се  дел од заканите за кои зборуваше во својот исказ екс претседателот на Бордот на директори во Македонски телеком Дејан Мицковиќ за случајот „Маџар телеком“. Закани имав, вели Мицковиќ , уште пред да сведочам пред американските власти.

„Освен заканувачките пораки по електронски пат,  во мојата канцеларија на Правниот факултет дојде непознато лице кое ме предупреди да не сведочам. За заканите тогаш го известив американсиот судија, но и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски и обвинителот Марко Зврлевски. До ден денес не е октриено кој ми се закануваше. Кога сведочев пред Њујоршкиот суд,  ми беше предочена комуникација преку електронска помошта меѓу тогашните директори на „Маџар телеком“ и тогашниот директор на „Македонски телеком“ Атила Сендреи која генерално се однесуваше  на тоа да не ми бидат  доставени одредени информации, но и да ме средат ако се спротиставам “-рече во својот исказ Мицковиќ.

Мицковиќ сведочеше  дека за време на истрагата не контактирал со Владо Бучковски кој беше посочен од сведокот екс разузнавачот Слободан Богоевски пред Њујоршкиот суд  дека примил мито од „Маџар телеком“, додека бил премиер.

Стапивме во контакт со Бучковски, но тој  не сакаше да открие дали бил повикан на распит во СЈО за истиот предмет.

Одбраната на унгарскиот екс директор  истакна дека овој сведок е  во нивна корист.

Случајот „Маџар телеком“ го покрена редовното обвинителство уште во 2011 година, а кривично ги гонеше Унгарците дeка спречиле конкуренција на телекомуникацискиот пазар во Македонија, да нема трет оператор. Долги години овој предмет стоеше заклучен во фиоките на Обвинителството и Кривичниот суд. Од 2017 година случајот го презеде СЈО. ОЈО пак се уште води постапка против Слободан Богоевски кого го обвинуваат челниците на ДУИ за клевета во неговото сведочење. Ниту една од овие постапки кај нас нема разрешница.

Back To Top