skip to Main Content

(Видео) Колку идните академски граѓани се грижат за животната средина?

(Видео) Колку идните академски граѓани се грижат за животната средина?
  • 11.02.2019

Откако на социјалните мрежи се појави слика дека студенскиот дом „Пелагонија“ тоне во ѓубре, нашата екипа отиде на лице место. Дел од ѓубрето наместо во контејнер, завршува на гранки од дрва.  Дворот беше чист.

Директорот на студенскиот дом, Бујар Муртезани, неофицијално рече дека секојдневно се соочуваат со овој проблем. Дневно вработените фрлаат  од 10 до 20, за викенд 40 вреќи отпад. Свеста на идните академски граѓани, вели тој е мала. Директорот најави построги мерки: ќе постават камери, а ќе има и парични казни. По втора опомена, оние студенти  кои нема да ги почитуваат правилата, ќе мора да го напуштат студенскиот дом.

Околните граѓани се жалат дека е опасно да се поминува покрај објектот. Честопати биле сведоци дека низ прозорите летаат тегли и шишиња.

Фотографијата која беше споделена на социјалните мрежи , наиде на бројни коментари од граѓани кои ги критикуваат студентите.

Претпријатието „Комунална хигиена“ најави дека утре ќе почне акција за чистење.

„И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје, претпријатието ќе ги спроведе овие активности со цел да се спречи ширењето зарази и да се заштити животната средина“, велат од „Комунална хигиена“

Директорот на домот, градоначалникот на општина Кисела Вода и директорот на ЈП „Комунална Хигиена“, утре ќе одржат прес-конференција пред студенскиот дом, на која, како што велат во соопшението до медиумите, ќе упателе апел за совесно постапување со отпадот и опасност од создавањето на дивите депонии.

Back To Top