skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

(Видео) Заев од Сараево: Обединувањето што го создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан

(Видео) Заев од Сараево: Обединувањето што го создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан
  • 11.02.2019

Единството и обединувањето што ги создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан и заеднички да се движиме кон европска иднина, истакна премиерот Зоран Заев во Сараево, Босна и Херцеговина, по церемонијата на отворањето на Европските младински олимписки игри на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Нашата држава на овој фестивал ја претставуваат Ана – Марија Зафировска и Никола Петковски. Тие утре ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“. За нив учеството на Европските младински олимписки игри е прво интернационално искуство и одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.

Премиерот Заев искажувајќи ја поддршката за овие двајца млади луѓе, рече дека за една земја нема поголем амбасадор од спортот.

-Ја користам приликата да ги споделам чувствата, прекрасни овде на отворањето на Европските младински олимписки игри или Европски младински олимписки фестивал, што по повод 35 години од Олимписките игри, Сараево ’84 и познатиот Вучко се отвораат денеска овде. Навистина чувството е прекрасно. Мене ме потсетува на оние 10 години кога ги имав, кога буквално цела Југославија, цела Европа и верувам целиот свет беше фокусиран со очите широко отворени кон Сараево ’84 година. А имав денеска прилика и да ги видам чувствата на премиерот Денис Звиздиќ, кој лично бил пред 35 години овде на отворањето на Олимписките игри во Сараево, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека овој настан е прекрасен, бидејќи ја испраќа пораката на спортот за единство, обединување, презентирање на сите земји, младите категории и младинците кои доаѓаат после нас.

-Верувам дека овие олимписки игри уште еднаш ќе помогнат на целиот Балкан, на целиот регион овде да се движи напред, кон европските вредности, посочи премиерот Заев, кој беше придружуван од сопругата Зорица.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top