skip to Main Content

(Видео) Заев на ФБ: Од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни

(Видео) Заев на ФБ: Од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни
  • 18.10.2019
На Фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев вечерва беше објавен дел од неговата изјава од Брисел:

Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни.

Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин.

Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото.

Back To Top