skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Заев: Македонија в недела обединета да гласа за европска иднина

(Видео) Заев: Македонија в недела обединета да гласа за европска иднина
  • 27.09.2018

Завршувањето на кампањата За европска Македонија го испланиравме за во Тетово, бидејќи Тетово од секогаш бил Европа во мало и пример за мултиетничноста на Македонија и богатството во различностите. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на последната трибина пред молкот за референдумското изјаснување во недела.

Тој посочи дека Македонија со векови била мултиетничка и заедно била обединета и очекува така обединета в недела да излезе на референдумот и да гласа за европска Македонија.

– Заедништвото е богатство, а концептот на едно општество за сите што заеднички го градиме секојдневно расте, затоа што наша заедничка желба е да го запреме заминувањето на младите во странство и да ги вратиме оние што заминаа. Али Ахмети зборува на македонски јазик, Македонци во Велес бришат навредувачки графити за Албанците што го потврдува концептот едно општество за сите, рече Заев.

Во однос на поддршките од другите етнички заедници во целиот овој процес поврзан со Договорот постигнат со Грција, Заев рече дека во борбата за македонскиот идентитет и јазик сите други заедници во државата, Албанци, Срби, Роми, Власи покажале солидарност кон поголемата македонска заедница и токму тоа не крепи и не држи заедно, а признавањето на македонскиот јазик и индентитет беше потврдено и денеска при почетокот на скринингот за Македонија и Албанија во Брисел каде што официјално како трет јазик беше напишано македонски јазик. Значи, рече Заев, како признаена земја со македонски јазик и идентитет и со влезот во ЕУ се признаваат на ниво со другите јазици.

Во однос на изјаснувањето на референдумот, Заев рече дека тоа е историска одлука и важно е сите заедно да не подлегнат на некои затскриени игри.

– Ако има план Б може да се каже и да се развие дебата, меѓутоа 27 години сите политичари што зборувале на плоштадот во Тетово зборувале за во НАТО и ЕУ. И затоа очекувам овојпат не само консензус на етнички план, туку да се постигне и консензус на политички план. И ги повикувам уште еднаш мојот пријател Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека референдумот не е за било која партија, туку за нашата единствена партија Македонија, за нашите и вашите деца и генерациите што доаѓаат по нас, рече Заев.

Имаме пријатели од странство кои или дојдоа кај нас или нас не повикаа да одиме кај нив.

– И црвен тепих во сите европски престолнини не беше за Зоран Заев од село Муртино, туку за Македонија и концептот за едно општество,а придобивките од НАТО и ЕУ ќе бидат огромни и ќе значат мир, стабилност, сигурност, безбедност, подобра економија, инфраструктура и ќе ни помогнат да станеме дел од развиениот свет, рече премиерот Заев на завршнaта трибина во Тетово во пресрет на референдумот.

 

Back To Top