skip to Main Content

(Видео) Заев: Владата може да падне ако нема датум за преговори

(Видео) Заев: Владата може да падне ако нема датум за преговори
  • 14.10.2019

Во интервју за американската јавна станица ПБС премиерот Зоран Заев вели дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија ќе ја урне неговата Влада.

Лајвсеј: Имате европско знаме тука?

Заев: Да, тоа ни е следниот чекор. Европска Унија мора да донесед одлука. Ние донесовме одлука од наша страна, сега тие мора да донесат одлука, Заев вели во разговорот со ПБС.

 

Новинарот Кристофер Лајвсеј вели дека „премиерот Заев има и подирекна причина да е загрижен – одложувањето на датумот за преговори ќе предизвика контрареакција која може да му ја дестабилизира коалицијата и да ја урне Владата“.

Лајвсеј: Владата ќе ви падне во тој случај?

Заев: Да, секако. Мнозинството ќе биде целосно загубено.

Лајвсеј: Значи влоговите се високи?

Лајвсеј: Многу високи.

Погледнете го интервјуто:

Back To Top