skip to Main Content

(Видео) Дончев: Груевски и неговиот кум стојат зад криминалниот тендер и фирмата „Диамед“

(Видео) Дончев: Груевски и неговиот кум стојат зад криминалниот тендер и фирмата „Диамед“
  • 20.09.2019

Истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Ристе Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако. Ова денеска на прес конфренција го потврди Ден Дончев, директор на ФЗОМ.

Тој посочи дека сите сознанија укажуваат дека зад фирмата Диамед каде што Вера Иванова се прикажува како сопственик , стојат токму Новачевски и Груевски, за што Обвинителството за организиран криминал води истрага.

„Почнавме да вршиме ревизија и дојдовме до сознанија дека е направен криминален тендер  и злоупотреба на службена положба  на одредени лица кои можеби се кријат зад тој што се прикажува за вистински сопственик . Сознанијата  се дека зад фирмата се кријат Ристо  Новачевски, кум на Груевски и брат на неговата лична секретарка и Груевски“, рече Дончев на денешната прес конференција.

извор:новатв.мк

Back To Top