skip to Main Content

(Видео) Дескоска очекува поддршка од сите политички партии за Законот за СЈО

(Видео) Дескоска очекува поддршка од сите политички партии за Законот за СЈО
  • 17.06.2019

Поддршка од сите политички партии за Законот за СЈО, очекува министерката за правда, Рената Дескоска. Откако меѓународната заедница го пофали законот, сега на потег е парламентот, вели таа. На пратениците им порача, личниот интерес да не го ставаат пред државниот.

Иако меѓународната заедница даде зелено светло за законот за СЈО, иднината на оваа институција останува неизвесна. Поместување на позициите од страна на ВМРО-ДПМНЕ засега нема, вели Дескоска.

Правниот застапник на опозициската партија Томи Менкиновски, пак се до емитување на овој прилог не беше достапен на својот мобилен телефон.

И додека усогласување меѓу власта и позицијата за  овој закон нема, меѓународна заедница се погласна- истиот е клучен и мора да се донесе што побрзо бидејќи владеењето на правото е приоритет кај повеќе држави членки на Унијата.

Тој пред два дена на меѓународната конференција Од партнерство до членство: Сверена Македонија и француско – германската перспектива“ која ја организираше Европското движење и Фондацијата Конрад Аденмауер. истака дека Повеќе од извесно е дека Македонија ќе добие датум за старт на преговори, но Владата мора да се фокусира на спроведување на реформите и имплементирање на законите неопходни за интеграциските процеси на државата.

Елена Милошевска

Back To Top