skip to Main Content

(Видео) Дерковски лично ги преброја и потписите во избирачкиот список и ливчињата за Ново село

(Видео) Дерковски лично ги преброја и потписите во избирачкиот список и ливчињата за Ново село
  • 09.05.2019

Приговорот на ВМРО-ДПМНЕ  за избирачкото место 1789 во Ново село го натера претседателот на ДИК Оливер Дерковски, да се фати за броење и лично да се увери дали бројот на потписите во избирачкиот список и ливчињата во кутиите се совпаѓаат. Партијата од која е предложен бараше увид во материјалот бидејќи Избирачкиот одбор и по неколку броења не можел да ја утврди фактичката состојба, потписите во избирачкиот список наводно биле 411 а ливчињата 412. Подоцна во броењето му се приклучи и членот на ДИК од редовите на СДСМ Борис Кондарко.

Дерковски преброја ист број и на потписи и на ливчиња, по што ДИК приговорот го отфрли. ВМРО-ДПМНЕ барше увид во изборниот материјал со образложение дека има изборни нерегуларности и дека ова избирачко место може да влијае врз конечниот резултат. Кандидатот за градоначалник на СДСМ Никола Андонов победи со 19 гласови повеќе од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Николчо Стоилков.

ВМРО-ДПМНЕ до ДИК поднесе вкупно 12 приговори. Повеќето од нив за претседателските избори, но ниту еден не влијае врз конечниот резултат. Најмногу приговори има за неправилности поврзани со пребројувањето но и за нараушувањето на тајноста при гласлањето. Од ДИК велат дека најверојатно во сабота веќе ќе го подготват уверението за новиот претседател и тој ќе може а го подигне. Во недела во Собрането ќе се одржи инаугурацијата на Стево Пендаровски за нов шеф на државата.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top