-Навистина ми причинува задоволство што денеска на ваков начин можеме да го славиме денот на НАТО, но и денот посветен на нашите, сега веќе, успешно реализирани амбиции. Заедно сме секогаш посилни, порача Шекеринска.

Припадниците на здружениот оркестар, по интонирањето на химните продолжија со изведба на впечатливи композиции од репертоарот на оркестрите на 5-те армии.