skip to Main Content

(Видео) Владиката Петар на удар на јавноста, особено на Твитер заедницата во Македонија

(Видео) Владиката Петар на удар на јавноста, особено на Твитер заедницата во Македонија
  • 19.12.2018

Социјалните мрежи вријат од реакции по пораката која ја испрати владиката Петар – младите или да се венчаат или да одат во манастир. Преспанско – пелагонискиот митрополит се најде на удар на јавноста откако ги посоветува младите дека треба рано да се женат и мажат, да формираат здрави семејства, или во спротивно да ги наполни стотината манастири во неговата епархија.

Тој апелираше до младите да го следат примерот на заштитникот на Битола Нектариј, кој бил побожен и се замонашил, да се запазат христијанските вредности во услови кога семејствата се распаѓаат, има сѐ повеќе разводи на браковите, како и немажени и неженети возрасни луѓе.

„Инаку животот е бесцелен ако луѓето не ја постигнат целта, а таа е спасение на душите, а спасението се постигнува на два начина – преку заедницата брачна или преку посветувањето на бога како монаси или монахињи, рече владиката Петар.

По ова во јавноста следуваа низа негативни коментари. Особено активна е твитер заедницата која се шегува на сметка на Македонската православна црква.

„Или некој нека ги среди овие од МПЦ или да почнеме да се бавиме ние со МПЦ малку повеќе. Освен што велгуваат во бизниси и не плаќаат даноци, гледам дека и на јако се пуштени со осудување. Велам да се припази со изјавите да не се навредуваат луѓето бидејќи од парите на тие луѓе живеете“, напиша Ина Многуфина.

„Во брак не е лошо, ама во Бигорски е екипата, вели друг твитерџија.

Ова не е прв случај кога Владиката Петар ги повикува младите на зголемување на наталитетот, а целата јавност знае дека тој отворено се противи на абортусот. Тој пред неколку години изјави дека вината за се поголемиот број на разводи во Македонија е во македонската жена. Според него жената денес има големи права, но заборава дека мажот е главата на семејството, а таа треба да ги расте децата.

Back To Top