(Видео) Велјаноски: 10 години сум бил претседател на Собрание, јас да бидам организатор, срамота

– Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој попладнево беше приведен за настаните од 27 април, замина од Кривичниот суд во Скопје.
По излегувањето од судот, Вељаноски кусо изјави дека не е еден од организаторите на настаните од 27 април.
– Десет години сум бил претседател на Собрание и јас да бидам организатор на настаните. Срамота, изјави кусо Вељаноски.
Доцна попладнево, Основното јавно обвинителство соопшти дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.