skip to Main Content

(ВИДЕО) Бошњаковски: Сите прашања за „Монструм“ ќе добијат одговор на крајот на постапката

(ВИДЕО) Бошњаковски: Сите прашања за „Монструм“ ќе добијат одговор на крајот на постапката
  • 20.04.2018

Владата нема да си дозволи да коментира судска постапка која е во тек – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, во одговор на новинарско прашање: „Дали премиерот Заев е подготвен да сведочи за ‘Монструм’ како што бараа семејствата на убиените деца. Бошњаковски посочи дека сите материјали се во судовите, кои ја имаат целосната надлежност за овој предмет.

„Македонската Влада не се меша во работата на правосудството и ниту има намера на некој начин да интервенира. Тоа што го очекуваме е дека сите отворени прашања поврзани со овој случај на крајот од постапката ќе бидат соодветно одговорени и адресирани и дека целата македонска јавност ќе има транспарентно увид во конечната пресуда и во секоја одлука на Судот“ – заклучи владиниот портпарол Бошњаковски.

Back To Top