skip to Main Content

(ВИДЕО) Безбедносните камери покажаа зошто полицијата употреби солзавец пред Собранието

(ВИДЕО) Безбедносните камери покажаа зошто полицијата употреби солзавец пред Собранието
  • 18.06.2018

МВР попладнево објави снимки од безбедносните камери во реонот на Собранието на кои се гледа обидот за упад на демонстрантите во законодавниот дом. Откако тие ги урнаа штитните огради, како што се гледа на снимките, почнаа да фрлаат пиротехнички средства кон полицајците.

Објавувањето на овие снимки следува по низата обвинувања на социјалните мрежи, но и осудувачките соопштенија на сметка на МВР дека употребила прекумерна сила за растерување на толпата од пред Собранието.

Инаку, по протестите, седуммина полицајци беа повредени, а дваесет и пет демонстранти завршија во полициска станица.

Back To Top