skip to Main Content

(Видео) Барањето и документација за екстрадиција на Груевски денес или утре ќе бидат испратени во Унгарија

(Видео) Барањето и документација за екстрадиција на Груевски денес или утре ќе бидат испратени во Унгарија
  • 20.11.2018

Денеска или најдоцна до утре, Македонија официјално ќе побара екстрадиција на Груевски. Целосната документација е подготвена само се чека нејзино испраќање до администрацијата на Орбан. Министерката за правда Рената Дескоска, вели дека преведеи се сите обвиненија и сите истраги кои се водат против Груевски, и дека истите ќе завршат во рацете на надлежните инситуции во Унгарија. Дескоска дополнува дека ќе бидат испратени и дополнителни материјали бидејќи станува збор за обемна документација со која се бара екстрадиција.

„Ние ќе си го доставиме барањето за екстрадиција, тоа е веќе изготвено, дел од материјалите се целосно преведени, дел докоплнително ќе бидат доставени, бидејќи тоа се огромни материјали, со оглед на тоа што во нашето барање за екстрадиција ќе бидат опфатени не само пресудата „Тенк“, туку сите обвиненија, сите истражни постапки дури и пред истражна постапка. Сите ќе бидат испратени со барањето за екстрадиција и сите тие ќе бидат основ практично за утре ако се екстрадира да може да се гони“, вели Десковска.

 Од друга страна шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто од Брисел испрати порака дека ниту еден негов колега не го покренал прашањето за азилот на Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање, Сијарто рече дека Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.

„Унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија а Груевски целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини беа легитимни. Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за имиграција и азил во Будимпешта. Ниту еден колега од ЕУ не го покрена случајот во понеделникот“, изјави Питер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија.

Според информациите планирано е Сјарто со неговиот македонски колега Никола Димитров да оддржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември. Сјарто вели дека за Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија, и дека азилот на Груевски не е политичко, туку правно прашање.

Антонио Крстевски

Back To Top