skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

(Видео) Ацевски: Груевски не може да се испере, неговото обезбедување го уби Нешковски, а Јанкуловска го криеше

(Видео) Ацевски: Груевски не може да се испере, неговото обезбедување го уби Нешковски, а Јанкуловска го криеше
  • 14.07.2019

-Деновиве јавноста гледа како оние што се обидоа да прикријат убиството на Мартин Нешковски поради полициска бруталност, на дрзок и  безобразен начин, преку извртување на вистината, се обидуваат да се исперат за своите злодела.

Тие ли најдоа да зборуваат за Мартин Нешковски?

Да не бевте вие, новинарите, убиството ќе останеше скриено до крај.

Што покажува објавената подолга снимка од разговорот помеѓу Груевски и Јанкуловска. Само го потврдува она што јавноста веќе многу добро го знае.

Никола Груевски ја терал Гордана Јанкуловска да лаже дека убиецот не бил дел од неговото обезбедување!

Дури отакако медиумите го открија случајот, ги фаќа паника, заедно коваат план како да прикријат, јавноста да не ја дознае вистината и договараат медиумски спектакли исто како за Љубе Бошковски!

Груевски зборува дека ќе го разрешел Урко – а тоа не се случува. Урко е разрешен дури 3.5 години подоцна.

Обезбедувањето на Никола Груевски кој беше дел од неговата партиска полиција уби млад човек.

Неговата министерка го криеше убиството.

Нивниот портпарол на МВР криеше убиство.

Груевски ангажирал да го штитат луѓе кои убиваат.

Јасно е.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денеска не научија, дека од вистината и од одговороноста бегање нема!

Никола Груевски ќе се соочи со казната, изјави на прес-конференција, Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

Back To Top