skip to Main Content

(Видео+Фото) Момчето кое го плукаше новинарот Јовановски, денеска ги „бранеше“ новинарските слободи на „Инфомакс“

(Видео+Фото) Момчето кое го плукаше новинарот Јовановски, денеска ги „бранеше“ новинарските слободи на „Инфомакс“
  • 26.09.2019

Новинарот Петрит Сарачини, по повод денешниот протест на здружението МАН во поддршка на Александар Митовски од „Инфомакс“ на социјалните мрежи праша дали еден од учесниците, младото момче Марко, одговарал за плукањето на новинарот Борјан Јовановски.

„Младото момче, плукачот на ВМРО ДПМНЕ, кој денес излезе на протестот на МАН во одбрана на Митовски од Инфомакс, дали одговараше за плукањето на новинарот Борјан Јовановски?

20 камери го снимија денес плукачот, кој пред пар години изврши неколку кривични дела со плукањето на еден новинар во кафеана. Да не заборавиме и кој ги објавуваше снимките од плукањето на Јовановски, ексклузивно, речиси веднаш од кога беа снимени.

Сериозно, никој не се возбудува, новинари, здруженија, организации, полиција, обвинителство?“, прашува Сарачини.

Back To Top