skip to Main Content

Вечерва лидерска – ќе се најде ли решение за законот за ЈО?

Вечерва лидерска – ќе се најде ли решение за законот за ЈО?
  • 10.09.2019

Решение за Законот за ЈО, со кој се регулира и судбината на СЈО денеска ќе се обидат да најдат премиерот и прв човек на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако минатата недела на последната средба на работните групи на власта и опозицијата не се најде решение.

Лидерската средба ќе се одржи во Собранието  на Република Северна Македонија со почеток во 20 часот. Средбата ќе се одржи во формат еден плус четири.

Се очекува главна тема на лидерската да биде Законот за јавно обвинителство, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори.

Back To Top