skip to Main Content

Вечерва во 21 часот стартува „Чуму“ на 1ТВ

Вечерва во 21 часот стартува „Чуму“ на 1ТВ
  • 06.12.2018

„Чуму“ на Александар Чомовски се враќа во етерот во новиот формат 1ТВ, со предизвик за иновативност, но и со носталгија. 1ТВ крие потенцијал за нови жанровски форми и за нов тотален телевизиски израз, вели Чомовски.

-На „Чуму“ повеќе од носталгијата, ме враќа потреба да го ребрендирам како нова македонска агора, античка сцена во којашто полемизираат умови и креатори, а сите што ќе ја следат треба да бидат учесници, не само на навивачко ниво, туку на еден општ, харизматичен и комуникативен јазик, додава Чомовски.

-Јас ќе се обидам да го внесам домаќинскиот муабет во телевизискиот жанр, вели Чомовски и додава дека предизвикот што ни претстои е да го вратиме граѓанскиот ментален склоп.

1ТВ со „Чуму“ ги враќа во етерот социјално-граѓанските теми, преку демистификација на политичките елити, кои се неопходни за државата и вистински израз на демократијата.

Мостови што поврзуваат, скали што треба да ги искачиме. Прашањата се – до каде стигнуваме? Од каде тргнуваме? Каде одиме? Во речиси три деценискиот македонски круг, најважната дилема е како да се излезе од неговото волшебство и да се најде вистинскиот правец на движење.

Гледајте „Чуму“, вечерва во 21 часот на 1ТВ

Back To Top