skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ветеринарна комора: Строги казни за неодговорните сопственици на кучиња

Ветеринарна комора: Строги казни за неодговорните сопственици на кучиња
  • 08.11.2018

По немилиот настан во Гостивар, кога девојка се удавила во Вардар бегајќи од куче, Ветеринарната комора потенцира дека коренот на проблемот со бездомните кучиња е во неодговорното сопствеништво. Велат дека се неопходни построги законски прописи, доследна примена со строги санкции за прекршителите.

Комората подвлекува и дека досега се третираа само последиците од овој проблем – повеќето општини не ги исполнуваат своите обврски во однос на ова прашање или постапуваат несоодветно. Воедно апелира сопствениците да ја извршат својата обврска за чипирање на милениците кое се спроведува бесплатно до 31 март 2019.

-Актуелната ситуација со бездомните кучиња која е резултат на многубројни општествени слабости, социо-економски, менталитетски и цивилизациски и која поради долгогодишното занемарување и маргинализирање на проблемот е крајно загрижувачка и надвор од контрола, што носи сериозни комунални, јавно-здравствени и безбедносни ризици, конечно бара ангажман на целокупната општествена заедница и преиспитување на досегашните модели и постапки. Повикуваме сите инволвирани чинители да пристапат кон сеопфатна анализа на проблемот и изнаоѓање одржливи и системски решенија.

Комората ја поздравува владината иницијатива за законски измени. Како што велат, одговорно поседување куче претставува ситуација во која сопственикот на животното ги прифаќа и извршува обврските согласно прописите, како и ги обезбедува потребите на животното, а во рамки на одговорното сопствеништво спаѓа и репродукцијата и потребата од стерилизација или кастрација на животното.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top