skip to Main Content

Велики петок – значење и обичаи

Велики петок – значење и обичаи
  • 06.04.2018

Петокот пред Велигден се смета за најтажен ден во христијанството, бидејќи тој ден Исус Христос бил осуден и распнат на Голгота во Ерусалим.

Осуден дека проповеда учење за кое се тврдело дека е во спротивност со верските принципи и законите на јудаизмот, гледајќи што прават војниците и народот со него, рекол: Татко, прости им, бидејќи не знаат што прават.

На вечерната богослужба во нашите храмови, се изнесува плаштеница (платно на кое е прикажано полагањето на телото на Исус во гроб), кое верниците го бакнуваат се до Велигден. Плаштеницата се постила на посебно украсена маса која го симболизира каменот на кој телото на Исус било подготвено за полагање во гробот, заедно со Евангелието (религиска книга која го опишува животот и учењето на Исус Христос).

На Велики петок сите постат, па дури и тие кои инаку не постат цел велигденски пост. Тие кои постеле цел пост или макар една недела, на Велики петок постат строг пост. На тој ден не се служи литургија во црква, освен ако се Благовести.

На Велики петок не се пее, не се весели, тоа е ден на тага и општа тишина, ни детски плач не смее да го наруши. Дури ни мртви не се закопувале на овој ден, да не се нарушува земјата во која лежи Исус.

Back To Top