skip to Main Content

„Вашингтон пост“: Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка

„Вашингтон пост“: Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка
  • 16.06.2018

Од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас поентираат и двете нации. Македонија излегува од изолација и добива можност да стане членка на ЕУ и НАТО. Грција добива конечно решение на територијалните прашања и се ослободува од една периодична главоболка, пишува угледниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ во денешната уредничка колумна.

Весникот оценува дека иако промената на името е незначително, договорот всушност прави значаен пробив во дипломатскиот ќорсокак кој беше закана за НАТО и ЕУ аспирациите на Македонија.

„Вашингтон пост“ ги нарекува Заев и Ципрас „миротворци“ и порачува дека во контекст на обременетите националистички страсти и долгата историја на разликите „новото име оди на сметка на двајцата лидери кои водеа истрајни преговори наспроти опозицијата дома и бремето на историјата“.

Додадава дека во периодот што претстои потребна е подршка за миротворците од Македонија и Грција од страна на креаторите на меѓународната политика бидејќи договорот зависи од неговата ратификација во грчкиот парламент и негово одобрување на референдум во Македонија.

– Доколку овој долго очекуван компромис стане жртва на национализмот и политичкиот комформизам, ќе настапи тажен ден за дипломатија, и изгубена шанса за што двете земји многу бргу ќе зажалат, наведува „Вашингтон пост“.

 

Back To Top