skip to Main Content

Ефтов за 1ТВ: Директор сум на „Алфа“, за сите останати прашања откако ќе стапам на должност

Ефтов за 1ТВ: Директор сум на „Алфа“, за сите останати прашања откако ќе стапам на должност
  • 23.04.2018

Новинарот Васко Ефтов од денеска е нов директор на телевизијата Алфа на местото на Љубомир Николовски, потврди Ефтов за 1ТВ. Емисијата на Ефтов „Во центар“, подолго време се емитува на оваа телевизија.

Во краток разговор со 1ТВ, Ефтов ја потврди оваа вест, образложувајќи дека за останатите прашања што се однесуваат на платите на новинарите и евентуалните долгови на телевизијата ќе има изјава откако ќе ги направи сите формални разговори кога ќе стапи на должност.

Петер Шац од Будимпешта минатото лето стана еден од сопствениците на македонската телевизија.

Покрај него, во 2017 во сопствеништвото на телевизијата влезе и релативно непознатиот Горан Балаќ од Земун, Србија.

Двајцата заедно го имаат најголемиот удел во телевизијата, во која како дел од сопственичката структура се јавуваат уште неколку фирми.

Алфа ТВ почна да емитува програма во 2008 година. Мнозински сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед“, меѓутоа во септември 2013 година српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ преку својата македонска компанија „ЦХС Инвест груп“ откупи 56 проценти од акциите на телевизијата.

Back To Top