skip to Main Content

Варошлија: Не атакувам, давам конструктивни совети за вирални фотографии

Варошлија: Не атакувам, давам конструктивни совети за вирални фотографии
  • 06.08.2018

За време на отвореното студио на 1ТВ во Охрид беше стилистот Сергеј Варошлија. Вели дека го изненадила позитивната реакција на јавноста – млади кои му приоѓале да се сликаат со него и да побараат од него моден совет или критика.

-Сите луѓе што ми пријдоа беа многу фини, со љубезен пристап, кул деца. Ме изненади пријатно еден друг аспект, нивната култура и воспитување и дека ме третираат од една страна како мерна единица што е вредна да им даде некаков совет за изгледот, изјави Варошлија и доаѓа дека му приоѓале луѓе од 7 до 77 години.

Како што вели, немал негативно искуство дури ни од луѓето кон кои упатил остри критики.

-Ми пријдоа и ми рекоа дека во првиот момент биле изреволтирани и збунети, но кога размислиле, кога проанализирале или кога ги погледнале повеќето од моите изданија сфатиле дека сум во право. Пријдоа, ме послушаа и рекоа дека тоа е така, дека ќе ги тргнат тие фотографии и дека ќе го подобрат својот стил, додава тој.

Во врска со фотографиите од социјалните мрежи коишто ги коментира, вели дека ги добива или случајно, од некој што бара совет или по препорака на пријатели. Како што објаснува, тој не навредува лично, туку дава конструктивни критики за нивниот стил и според политиките на социјалните мрежи, слика објавена на нив, веќе не е во лична сопственост, туку се вирални и и припаѓа на јавноста.

Back To Top