skip to Main Content

Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, рашавајте ги проблемите

Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, рашавајте ги проблемите
  • 01.10.2018

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхауте синоќа на својот Фејсбук профил им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот.

Тој ја повика Владата да не поднесува оставка туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува во статусот на Фејсбук, тоа е нејзина „проклета должност“.

– Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ја подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една изгубена битка не значи дека се е загубено. Да, прифатливо решение со Грција е можно, врз основа на компромисот постигнат со Грција, и тоа се уште е на дофат, иако можеби ќе треба да се преиспита процесот и како да се финализира без одложување. Напред!, напиша Ванхауте на Фејсбук.

Back To Top