skip to Main Content

Медиуми од регионов за договорот меѓу Македонија и Грција (Фото)

Медиуми од регионов за договорот меѓу Македонија и Грција (Фото)
  • 17.06.2018

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија го потпишаа договорот со кој Поранешната Југословенска Република Македонија сега ќе се вика „Република Северна Македонија“, јавуваат електронските изданија на бугарските медиуми.

Извештаите засега се речиси без коментари, само информации дека е потпишан во грчко село на брегот на Преспанското езеро, по што делегациите се префрлија на македонска страна.

Порталот 24 часа.бг исткнува дека „историскиот договор е факт“ и во насловот извлекува дека Ципрас од Заев доби црвена вратоврска.

– По поптишувањето и официјалните говори, грчкиот премиер доби подарок – црвена вратоврска. Тој симболичен чин веројатно е првиот чекор кон излез на Грција од кризата. Да потсетиме, дека Алексис Ципрас вети дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од кризата, пишува порталот.

И бугарската информативна агенција „Блиц“ издвои посебен простор за гестот на Заев.

– Македонскиот премиер Зоран Заев неочекувано одлучи да му подари нешто на  грчкиот колега Алексис Ципрас, со кого пред неколку минути официјално утврдија промена на името на Македонија во Република Северна Македонија… Тој ја извади својата црвена вратоврска и по прегратка му ја даде на Ципрас. Двајцата насмеани повторно се ракуваа пред насмеаните лица на гостите кои долго аплаудираа, нагласува порталот.

Блиц нагласува дека откако провериле, утврдиле дека „денеска западниот дел на Европа го празнува Денот на таткото“.

– И покрај тоа што се одбележува претежно во католички земји, празникот е многу почитуван и во Грција. Денот на таткото се одбележува во третата недела од месец јуни. Еден од традиционалните подароци за тој празник е вратоврска. На многу места овој моден додаток е симбол на Денот на таткото, пишува Блиц.

Потпишан историскиот договор, со што е ставен  крај на долгогодоишниот спор околу името, а со кој Македонија сега се вика Република Северна Македонија, ова е оценката на албанските медиуми, кои сите, без исклучок, отстапија простор околу потпишувањето на договорот.

Најгледата албанска телевизија, „Топ чанел“ во информацијата насловена „Ципрас и Заев ставија печат за името: заедно кон Европа“ се наведува дека грчкиот премиер откако добил доверба во парламент веднаш заминал да го потпише договорот за името и покрај тоа што опозицијата го смета за предавник.

-И премиерот Заев треба да мине преку многу пречки. Најпрво договорот треба да го усвои парламентот, а потоа да го потпише претседателот на земјата, Ѓорге Иванов. Иванов најави вето, а не се исклучува можноста и одржување референдум. Опозицијата го обвинува Заев дека ги продал националните интереси, наведува телевизијата.

Според порталот Албеу со „многу насмевки и прегратки“ надминат е речиси тридеценискиот конфликт меѓу двете држави. Во веста стои дека од денес „Македонија ќе се признава под името Северна Македонија“. Порталот со оценка дека „народот ќе го подржи премиерот Заев за иднината на Македонија“.

Агецијата Балканвеб оценува дека по 27 години се затвора поглавје со многу преговори.

-Потпишан е историски договор меѓу Грција и Македонија за нејзиното име и таа сега ќе се вика Северна Македонија, наведува агенцијата.

Сите медиуми напоменуваат дека на потпишувањето присутвувале високи претставници на ЕУ, а посебно ја акцентираат и изјвата на медијаторот Нимиц.

За сега нема официјална реакција од албанскиот државен врв.

Албанија ја призна Македонија меѓу првите земји, по прогласувањето на независноста, но под референцата ПЈРМ.

 

Бугарските медиуми исто така ја пренесуваат и пораката на Фејсбук на Борисов кој ги поздрави премиерите на Македонија и Бугарија и напиша дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.

Под наслови „За историја: потпишан договор!“, „Република Северна Македонија – историски договор меѓу Атина и Скопје“, „Историски момент: Грција и Македонија потпишаа договор за името“ , „Потпис на грчка, здравица на македонска страна“, електронските изданија на српските медкуми денеска јавуваат за пoтпишувањето на договорт за името.

Покрај вообичаниете податоци за тоа кој присуствувал на потпишувањето, српските медиуми цитираат и делови од говорот на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Горди сме на овој наш договор. Горди сме затоа што се обединуваме околу решавање на спорот кој не делеше и што избравме решение кое не обединува. Со потпишувањето на конечниот договор за решавање на прашањето за името и за стратешко партнерство на нашите две земји – поместивме планини, го цитираат Заев српските медиуми.

Ципрас, од своја страна, средбата во Песпа ја окарактеризира како „историски состанок“.

– Денеска се наоѓаме овде гледајќи и во очи на историјата на нашите народи. Се наоѓаме овде и за ние двајца да ја извршиме нашата патриотска должност, истакна Ципрас.

Српските медиуми уште јавуваат дека за време на потпишувањето на договорот во близина на Псарадес биле одржани протести.

Back To Top