skip to Main Content

Бугарскиот претседател бара анекс-договор со Македонија

Бугарскиот претседател бара анекс-договор со Македонија
  • 13.08.2018

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, смета дека македонскиот премиер, Зоран Заев, не ѝ се извинил на соседната земја по изјавата дека Илинденското востание е македонско, на што реагираа и високи функционери на Бугарија.

Радев смета дека Заев не се извинил експлицитно, освен што изразил жалење.

„Доволно ли е тоа извинување? Вие слушнавте извинување? Јас не слушнав. Преку „Фејсбук“ не е извинување. Заев посочи дека направил грешка, но не ги исправи зборовите. За мене, не е објасниво некој да каже дека бугарската влада не реагира така како што треба да реагира. Според мене, недозволиво и неприфатливо е евро-атлантската перспектива на Македонија да биде ставена пред бугарската историја, идентитет и суверенитет. Не може долгорочните интереси на Бугарија да се жртва на политичкиот маркетинг“, рече Радев.

Бугарскиот претседател очекува неговата земја да спроведе мерки за санкционирање на Македонија нагласувајќи дека Бугарија ги има сите основи за склучување дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија, јави макфакс.

Back To Top