skip to Main Content

Бубашваба пишува: Ова се имињата на крадците

Бубашваба пишува: Ова се имињата на крадците
  • 06.07.2019

Да не речете бубашвабава се појави за да „мрчи“ само, сега ќе ве шлакнам со добра намера, да ве освестам, расположена сум едукативно…

Не ми се верува, како отворам социјални мрежи и 99% ве гледам, енциклопедии сте. Се знаете. А истите 99% викате „кај живеам јас“. Епа тука живеете, тука пробајте да се средите и престанете со тоа „Ако ништо не се смени, ќе гледам да заминам“. Не, нема да заминеш оти немаш храброст, а за тоа говори твој пост.

Вака сеа, да не се разбереме погрешно. Пред некое време излезе бројка дека сме земја со најнизок рејтинг на национална интелигенција. И ја споделивте кој побрзо за да си играте памет. Кој подоследна шега ќе каже за лајкови. Ама иронијата е во тоа што верувате во сервирана бројка, а не дали е точна.

Епа драги мои такви сте со секој напишан наслов. Во право сте со прашањето „кај живеам јас“, бидејќи освен што сте вие криви, овој што е на пауза во Будимпешта, истиот што сега ви се смее оттаму па вика „Чувајте ми го автопатот, немој да го видам искршен кога ќе се вратам“ (значи планира)… е тој ве киднапираше суптилно и ви изгради систем во кој мора да сте зависни. Зависни од патриотизам. Каков? Оној што мечтае за некаква Голема Македонија или оној што ве прашува „Што имам денес за ручек?“

Како бе се знаете, а еве јас не ви импутирам, туку прашајте се кој е првиот македонски филм? Која е првата држава што нѐ призна како независни? Кога е и од кој е напишана нашата химна? Додека го читате ова, не отворајте нов таб за да изгуглате. Останете со мене до крај, имам и други дилеми…

…ааа да, додека ја колневте Тамара во малолетните деца за химната, сетете се дека веете знаме кое туристов во Будимпешта ви го всади, инаку не е признаено никаде освен во изманипулираните ваши глави, кои знам имаат многу поголем капацитет, само сега сѐ уште се во процес на чистење. Не, не од Заев. Од вас самите… сега сте поосвестени, па имате глас и „мрчите“. Затоа ви смета кога Дураки го ставија заменик на Заев. И со право. Ама па што да го советувам него кога постојано прави грешки, како да знае дека туристов кова план за враќање. Е така изреволтиран, насекиран, исфрустриран, разјаловен… тек тогаш ќе се прашате не „каде живеам јас“ туку „зошто живеам јас“. Ама нема везе, сето ова е фикција, тој е заминат одамна од политика. Сега системот да се потрудиме да не послужи на другиве.

Да се вратиме на мразењето. Деновиве се актуелни неколку теми плус. Каква бубашваба сум човече, од нигде никаде налетав во водата на еден лик шо пишуваше басни. Он пишува, јас читам, он пишува, јас читам и на крај му викам „Друже, како бе прераскажуваш фикции“ а викаш подолу „имаВ увид во…“. Ништо, тргнав кај моиве шо ме вработија некња, да им кажам што се подготвува, они сите насмеани. Криво ми беше, сакав да ги подучам, ама после уште подраго ми стана кога видов дека не се дел од оние што предвреме шиканираат и сфатиле дека некому бодат очи па им плукаат киселини во двор.

Нејсе, на сето ова друго ми беше зборот. Знаете дека денес не сте истото што се биле вчера?

Знаете дека милиони клетки ви се обновуваат секој ден? Знаете дека носиме одлуки по сеќавања. Дека денес се сеќаваме што сме правеле вчера, со кого се видовме, што договоривме, што рековме на состанок и сл. и затоа рационално функционираме. Знаете дека во тоа помагаат животинки и кои не ги гледате а живеат само 24 часа како на репродуктивна лента? Дека тоа им е основната цел?

Не, па од каде ќе знаете. Немате време. Кафето, цигарите, што покасно да дојдете на работа, што порано да си заминете… И муабети полни омраза. Па се враќате дома и истата омраза што сте ја апсорбирале во текот на денот, ја истурате на тастатура, си легнувате и отворате социјални мрежи да видете кој ве лајкнал, а кој треба да лајкнете. Па од каде ќе знаете кога се истрчавте по најнискиот коефициент на интелигенција кој прв ќе го сподели.

Ќе ви бидам другарка на сите, ќе ви шетам по дома… ќе пробате да ме смачкате со некоја влечка, ама ви кажувам: Ја тек почнав! A колку позлобни и неосвестени ќе сте, толку подиректна и агресивна ќе бидам.

Сеа тек почнав да си играм.

Без почит,

Бубашваба што само што се разбуди и запали цигара.

П.С: Чекавте имиња? Џабе текстов? Пак сакате крв? Епа во Германија, Данска, Јапонија, не е вака. Инаку околу имињата… не се најпотребни да ги чуете за да ги знаете.

Back To Top