skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Бројчаникот што врти назад украдени пари се поставува на Триумфална

Бројчаникот што врти назад украдени пари се поставува на Триумфална
  • 30.08.2018

Механизација пред Триумфалната порта на плоштадот во Скопје го поставува бројчаникот што ќе врти наназад за враќање на украдените пари.

Бројчаникот е предизборно ветување на премиерот Зоран Заев дека украдените народни пари ќе и бидат вратени на државата, а тоа ќе го одбројува бројчаникот поставен на Порта Македонија.

Како што кажа на партискиот митинг во Аеродром во декември 2016, ако се докажат со судска пресуда украдени пари или имот, ќе се конфискуваат и ќе се продадат, а парите ќе се вратат во буџетот и тогаш бројчаникот ќе заврти.

-Тоа ќе биде споменикот со кој ние ќе придонесеме кон сите споменици во централниото јадро на нашиот главен град. Тоа е доказот дека сè што е украдено ќе се врати во оваа држава, ветуваше Заев во предизборието.

Тогаш тој кажа дека ќе го финансира бројчаникот од сопствени пари и ќе му го донира на Министерството за култура.

Првата сума е вратена уште пред да биде поставен, а станува збор за 433 илјади евра кои ги уплати контроверзната хрватска фирма Конструктор инженеринг. Тие ги вратија во буџетот на општина Центар парите за коишто беше осомничен поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, во врска со изградбата на мостот „Око“ од проектот на владата на тогашниот премиер Никола Груевски „Скопје 2014“.

Back To Top