skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Комисијата воздржана за имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Брзата помош на Неуромедика не пристигнува – се повеќе пациенти изневерени од приватната клиника

Брзата помош на Неуромедика не пристигнува – се повеќе пациенти изневерени од приватната клиника
  • 23.09.2018

Дали скапите приватни болници гарантираат и навремена интервенција во итни случаи – вакво прашање вечерва се наметна откако вознемирен гледач се јави во нашата редакција.

Гледачот кој побара да остане анонимен тврди дека вечерва со големи болки и во состојба на несвестица бил оставен да го чека докторот од приватната болница Неуромедика. Нашиот гледач вели дека е редовен пациент на болницата и дека не може да поверува во каква состојба го оставиле да чека. Се јавил во болницата со големи болки во 20 часот, а му кажале дека помошта ќе пристигне до 21 часот. Во меѓувреме неговата здравствена состојба постојано се влошувала, а возилото со медицинска помош не пристигнало до 21 часот.

Гледачот вели дека над 30 пати ѕвонел во болницата, но никој не одговарал. Во меѓувреме лицето кое било задолжено за рецепцијата им кажало дека не знае кој доктор бил испратен да интервенира. Половина час подоцна, членови на неговото семејство со семејното возило го однеле човекот во Систина каде неговата здравствена состојба била стабилизирана.

Дури пред 23 часот добил повик од Неуромедика за да го прашаат дали се уште му е потребна медицинска помош.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top