skip to Main Content

Брако се откажа, откако Алсат-М објави дека фирмите на Анѓушев се пред добивање нова државна помош

Брако се откажа, откако Алсат-М објави дека фирмите на Анѓушев се пред добивање нова државна помош
  • 23.07.2018

„Брако одлучи да не поднесе Барање за исплата на финансиска подршка од Планот за економски раст. Апликацијата во првата фаза е дали ги исполнуваме општите критериуми и дали се квалификуваме“- соопшти компанијата Брако откако Алсат М објави документи дека фирмата каде сопственички удел има вицепремиерот Кочо Анѓушев пак се обидела да дојде до државни пари, овојпат од Агенцијата за странски инвестиции.

Според документите на Алсат М, шефот на кабинет на вицепремиерот, Софче Јовановска, како претседател на Комисијата за евалуација, ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот. Заклучокот од евалуацијата е испратен до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. А се очекуваше попладнево, владината Комисија за економски систем, која ја предводи самиот вицепремиерот Анѓушев, да ја донесе прелиминарната одлука за државна помош на повеќе фирми. Но претходно стигна известувањето од Брако дека одлучиле да не поднесат Барање за исплата на финансиска помош.

Освен „Брако“, на листата на позитивно оценети фирми е и Друштвото за трговија и услуги КАСТ ИНВЕСТ ДОО. Токму оваа фирма беше и на списокот добитници на пари од државата од Фондот за иновации и технолошки развој. И за оваа компанија, Комисијата за евалуација е со мислење дека фирмата ги исполнува сите услови за добивање државна парична помош.

Back To Top