skip to Main Content

Бојан Јовановски од болница вратен во Шутка

Бојан Јовановски од болница вратен во Шутка
  • 08.10.2019

Првоосомничениот во случајот Рекет Бојан Јовановски наместо да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, заврши во болница.

Интервенираше и брзата помош, па после половина час на носилка Боки 13 беше изнесен од зградата на обвинителството. Според неговиот адвокат сликата била застрашувачка.

-Јовановски беше однесен во болница, му беше пружена медицинска помош, примил инфузија и сега веќе е вратен во притворот во Шутка. Во моментот состојбата му е стабилна,велат за „Фокус“ од управата на затворот.

Ова требаше да биде прв исказ кој Јовановски ќе го даде воопшто пред обвинителството, откако на 15-ти Јули беше уапсен како осомничен за рекет. И на јавната седница за притворот се жалеше на условите во затворот и проблемите со желудникот поради две неуспешни естетски операции.

Неговиот адвокат целокупната здравствена документација ја однел кај судија на претходна постапка и ќе бара негово хоспитализирање.

Од обвинителството не размислуваат за поблага мерка но велат дека следува обвинение и без неговиот исказ.

Back To Top