skip to Main Content

Борисов: Не гледам кој е ризикот од Македонија, голема е колку Софија – зошто да покажеме моќ против нив?

Борисов: Не гледам кој е ризикот од Македонија, голема е колку Софија – зошто да покажеме моќ против нив?
  • 17.10.2019

Пред почетокот на Самитот на ЕУ на кој меѓу другото ќе се донесе одлука дали Северна Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите, пристигна и претседателот на Бугарија Борко Борисов, кој даде свој став околу ова прашање, јавува ипортал.мк.

Според него, двете земји заслужуваат да добијат зелено светло од членките на Европската Унија, а не да ги користат внатрешните проблеми како изговор.

„Не гледам кој е ризикот од Македонија. Голема е колку Софија. Зошто да покажеме моќ против нив? Но, некои земји ги мешаат своите внатрешни проблеми. Земјите-членки се нервираат што комесарите биле одбиени. Политичките семејства водат внатрешни војни. Албанија и Северна Македонија заслужуваат поддршка. Во спротивно, ќе се прашуваме зошто се шири џихадизмот. Или зошто се зголемува влијанието на Кина во регионот“, рече Борисов.

извор:ипортал.мк

Back To Top