skip to Main Content

Борбата на Јасминка Ангелова со полициските структури на претходната власт во „Лица“

Борбата на Јасминка Ангелова со полициските структури на претходната власт во „Лица“
  • 30.04.2018

Од полициски службеник до отказ во МВР и нејзините јавни преписки со Министерството за внатрешни работи и неговите структури – вака јавноста ја запозна Јасминка Ангелова. Вработена во Одделот за финансиски криминал на МВР, по нејзиниот отпор и глас против неправдите добива притисоци и закани против неа и нејзиното семејство. Проблемите почнуваат со промената на власта во 2006, а веќе наредната година нејзиниот сопруг влегува во конфликт со владејачката ВМРО-ДПМНЕ и министерката Јанкуловска на чело на МВР.

-Поради политичката борба на мојот сопруг бев намерно оставена да чмаам во таа полураспадната, мувлосана барака за којашто тогашната министерка Јанкуловска ја нарекуваше магацин, не од ЈНА, јас би рекла од Втората светска војна.

Како што вели Ангелова, борбата на нејзиниот сопруг заедно со „Достоинство“ не е лична, туку за Македонија, за бранителите и за семејствата на загинатите, за професионалните војници. Не очекувале дека нивната борба за правичност и законитост ќе повлече монструозни напади и закани кон нивното семејство што ќе кулминираат со напад врз Ангелова од страна на колега полицаец.

-Мојата директна борба со Јанкуловска започна веднаш откако го напуштив МВР во март 2015 и почнав со поголемите написи што беа објавувани на многу портали и ги читаа многу граѓани.

Ангелова го напушта МВР сама, но по големи притисоци. Како сопруга на генерал и борец против екстремизмот, била пратена во лов на дрвокрадци на ризичен терен, веднаш по соопштението на т.н. „Илирида“ дека под нејзина контрола се сите „албански територии“. Чашата ја прелеале вербалните напади откако се сменила со свој колега за дежурство. Мобингот продолжува со повеќе упади во нејзиниот дом, закани со апсење и по животот, а сето тоа кулминира со физички напад од нејзин колега.

-Само што замина Стојанче во Ирак, почнаа протестите по објавената бомба за Мартин Нешковски и големите протести пред Влада. Јас излегов, се придружив на тие протести и на 7 мај бев удрена од колега полицаец од зад грб, по тилот, не очекувано.

По преживеаното, Јасминка Ангелова е пример за храбра и достоинствена жена која денес може да каже дека нејзината борба не била залудна.

Back To Top