skip to Main Content

Богојески: Македонска иднина на антиалбански основи е северен концепт, кој има цел да продуцира перманентни судири во македонското општество!

Богојески: Македонска иднина на антиалбански основи е северен концепт, кој има цел да продуцира перманентни судири во македонското општество!
  • 04.07.2019

Македонската иднина не се гради на антиалбански основи. Концептот е „северен“ и има цел да продуцира постојани судири во македонското општество, смета Петар Богојески, еден од предводниците за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

„Албанците од Македонија или Македонците со албанско етничко потекло, се најголеми пријатели на современиот македонски идентитет!

Кукавичкото данајско јајце, ставено во македонско гнездо, под стравот од “голема Албанија”, да предизвикаат модификација на македонскиот идентитет по “грчки рецепт”, е реална опасност, на која треба да и се спротиставиме!

Градењето на “македонска иднина” на антиалбански основи е “северен концепт”, кој има цел да продуцира перманентни судири во македонското општество! Тој е тесно поврзан со грчкиот концепт за антиквизација на македонската нација, промовиран од Груевски и Иванов! Во основа тие два, се всушност еден унифициран, антимакедонски концепт!

Информациите дека високи владини и опозициски функционери, од за нив познати “причини”, се веќе промотори на таа “грчка визија” за карактерот на македонската нација, се сериозни и не треба да се занемаруваат!

“Македонско – албанските решенија”, донесени во Протоколот потпишан од Македонската револуционерна организација (ВМРО) и Албанскиот револуционерен комитет (АРК), со современи модификации во нивната примена, се јасен одговор на “грчките амбиции” во Македонија!“, пишува на својот Фејсбук профил, Богојески.

фото:архива 1ТВ

Back To Top