Богдановиќ: Апелирам до родителите да ја намалиме опасноста од понатамошно проширување на епидемијата

Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска, 3.1.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
По тој повод градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, испрати апел до родителите да ја почитуваат мерката на Министерството.
„Министерството за здравство денес на територија на градот Скопје прогласи епидемија на мали сипаници – Морбили.
Согласно одлуката на министерството, градинките на територија на Општина Центар од утре (3.1.2019; четврток), ќе примаат САМО деца кои го имаат поминато процесот на вакцинација.
Апелирам до родителите да се придржуваат до насоките на Министерството за здравство, со цел намалување на опасноста од понатамошно проширување на епидемијата“, порача Богдановиќ преку својот фејсбук профил.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.