skip to Main Content

Благоја Василевски: Разговорот со брат ми беше семеен

Благоја Василевски: Разговорот со брат ми беше семеен
  • 06.12.2018

Во сведочењето пред судот за упадот во Собранието, братот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа изјави дека на 27 април 2017 година бил на службен пат во Виена.

-Се слушнав со Александар, разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка. Кога сум на пат имам зголемен број на активности и внимавам на тоа да не правам разговори по телефон. Примив порака од 17 до 19 часот од мојот брат и вратив на пораката, рече Благоја Василевски.

Братот на Нинџа, Благоја Василевски во Виена бил во својство на обезбедување на екс премиерот Никола Груевски. Во јавноста имаше шпекулации дека Груевски токму преку Благоја Василевски ја издал наредбата за упад во Собранието, но засега ниту еден доказ во постапката не наведе на такво нешто.

Back To Top