skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

БЕСА ќе даде поддршка за законот за јавно обвинителство, ако СЈО остане независно

БЕСА ќе даде поддршка за законот за јавно обвинителство, ако СЈО остане независно
  • 25.03.2019

БЕСА најави дека ќе го поддржи новиот закон за јавно обвинителство доколку  СЈО остане да функционира како независна институција, а не како составен дел од ЈО.

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели денеска во изјава за медиумите во Собранието рече дека партијата е подготвена да даде поддршка за СЈО да продолжи да работи со полн капацитет, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а „бомбите“ и натаму да бидат користени како докази во постапките.

Доколку СЈО стане дел од Јавното обвинителство, според БЕСА, ќе се претопи во Јавното обвинителство кое, како што посочуваат оттаму, и досега беше нефункционално. Зендели додаде дека тие како партија ќе бараат гаранција од Владата дека се залагаат за неселективна правда.

Во „бомбите“, потенцира пратеникот Зендели, слушнавме дека многу функционери на ДУИ се вплеткани во криминал, но за нив нема постапки.

Back To Top