skip to Main Content

БЕСА на Касами бара да биде вклучена во преговорите за СЈО

БЕСА на Касами бара да биде вклучена во преговорите за СЈО
  • 19.06.2019

Европа не отстапува од Специјалното јавно обвинителство. И во последниот извештај на Европскта комисiја за напредокот на Македонија стои дека СЈО треба да ја продолжи борбата со корупцијата и криминалот. Но договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Специјалното обвинителство сеуште нема. Со одложувањето на добивањето на датумот за преговори за членство во ЕУ, власта и опозицијата имаат околу три месеци рок за надминување на  разликите. Од министерството за правда за 1 тв велат дека напредок за иднината на СЈО нема. Чекаат повратен одговор од ВМРО-ДПМНЕ за СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ пак чекаат покана за средба од Правда. Во меѓувреме денеска опозициската БЕСА побара да биде вклучена во преговорите за СЈО. Од партијата на Касами апелираат Владата и институциите целосно да се посветат на реформите, особено на судските, бидејќи со недобивањето на датумот за отпочнувњето на преговори овој месец Европа испратила јасни сигнали дека државата не расчистила со криминалот.

Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и Холандија го услвиа датомот со СЈО. Може да потенцијраме  дека овие важни земји и рекоа на Северна Македонија дека сеуште не расчистила со криминалот. Дел од поранешниот режим денеска е дел од оваа Влада. Беса бара да биде вклучена во исгоствувањето на Законот за СЈО и да нема рокови за покренвуање на обвиненија кои произлегуваат од прислушуваните материјали, вели потпретседателот на БЕСА Кастриот Реџепи…

Денеска и министерот за надворешни работи Никола Димитров повика пред октомври, да има договор за СЈО за земјите членики да немаат оправдување околу доделувањето на датумот за преговори.

Инаку во извештајот на Европската комисија на преговарачките тимови им се препорачува дека мора да има одговорност за прислушувањето и криминалот кој произлезе од разговорите, а СЈО е една од клучните институции која се проткајува низ целиот извештај. ЕК констатира дека специјалниот јавен обвинител ја потврдил својата водечка улога во истражувањето и гонењето на случаите на корупција на високо ниво. Според Европската комисија, земјава покажала дека на политичко ниво постои свест за потребата од ефикасно решавање на корупцијата на високо ниво, дека има конкретни резултати и дека таа борба треба да продолжи.

Весна Велкова Тодоровска

 

 

Back To Top