skip to Main Content

Белгискиот парламент го одобри пристапниот протокол за НАТО

Белгискиот парламент го одобри пристапниот протокол за НАТО
  • 25.04.2019

Белгискиот федерален парламент денеска го одобри пристапниот протокол на Северна Македонија во НАТО. Информацијата ја соопшти белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс на Твитер.

-Задоволство ми е да соопштам дека белгискиот парламент денеска го одобри законот со кој се прифаќа пристапниот протокол на Република Северна Македонија во НАТО, Белгија е на чекор да го финализира процесот на ратификација, напиша Рејндерс.

Предлог законот за пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата беше одобрен од страна на белгиската влада пред помалку од две недели.

Белгиската процедура предвидува прво законот да добие зелено светло од Државниот совет, чие мислење иако не е обврзувачко е многу важно, потоа законот да го одобри Парламентот пред да биде ратификуван. Другите регионални парламенти не се инволвирани во процесот, само федералниот, што значително ја забрзува процедурата.

Back To Top