skip to Main Content

Белгиец баран од Интерпол приведен на Табановце

Белгиец баран од Интерпол приведен на Табановце
  • 28.07.2019

На граничниот премин Табановце вчера на влез во државата е приведен државјанин на Белгија, кој се барал по потерница од Интерпол.

МВР денеска соопшти дека на ГП Табановце за влез во Република Македонија вчера во 14,40 часот се пријавил А. С. (43) од Скопје, државјанин на Белгија.

– При пасошката контрола е констатирано дека се бара по потерница од Интерпол. Лицето е приведено и предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.

Back To Top